Последниот меч од 23. коло во Премиер лигата денеска се одигра на „Кревен Котиџ“ во кој Тотенхем во судиското продолжение дојде до трите бода кај Фулам (1-2). Секунди го делеа домашниот тим да дојде до бод, но доминацијата на тимот од Северен Лондон донесе пресврт во вториот дел.

Првиот гол падна откако Фернандо Љоренте се најде на погрешното место и ја затресе сопствената мрежа по еден корнер од десната страна. Долго време гостите од Лондон се обидуваа да го израмнат резултатот, а тоа им успеа на стартот од второто полувреме.

Одбраната на Фулам не успеа да расчисти опасна акција на Тотенхем, а тоа го казни Деле Али. Англискиот репрезентативец го стигна додавањето на Кристијан Ериксен и со глава од подалечната статива го совлада Серхио Рико.

Гостинскиот тим ја имаше иницијативата на своја страна, притискаше и креираше шанси, но за победнички гол чекаше до самиот финиш. Трите бода за лондонскиот тим ги донесе Винкс, со погодок во 93. минута од мечот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.