Со голот на македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски, Палермо синоќа забележа минимална победа над Верона во дуел од 31. коло во италијанската Серија Б.

Македонецот погоди во 46.минута, момент кој се покажа како решавачки за крајниот исход.

За Несторовски ова беше 11. гол оваа сезона во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Италија. Со освоени 53 бода, Палермо е на третата позиција на табелата, а пред него е Лече со бод повеќе, но и одигран еден натпревар повеќе од Палермо, а на чело на табелата во Серија Б е Бреша која има 57 бода на 6 кола пред крајот на сезоната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.