Голманот Пау Лопез ќе биде третото засилување на Рома, кои за услугите на Шпанецот ќе платат 28 милиони евра. Тој се очекува утре да пристигне во Рим, каде по извршувањето на лекарските преглед ќе потпише петгодишен договор.
Римјаните минатото лето го донесоа Робин Олсен како замена за Алисон Бекер кој замина во Ливерпул, но Швеѓанецот не се прослави кај „волчицата“, така што управата одлучи да се донесе нов голман.
Лопез има 24 години и ја започна својата кариера во Еспањол, а во Бетис дојде во 2018 година како слободен играч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.