Новото засилување на францускиот фудбалски гигант ПСЖ, Мароканецот Ашраф Хакими, е позитивен на корона вирус.

Хакими беше позитивен на Ковид-19 и во октомври минатата година поради што го пропушти натпреварот меѓу Интер и Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампиони, но на тестирањето следниот ден беше негативен на вирусот.

Мароканскиот репрезентативец ова лето премина од Интер во ПСЖ за 60 милиони евра.

Парискиот весник „Л’Екип“ објави дека позитивен на Ковид-19 во редовите на ПСЖ е и 18-годишниот фудбалер од средниот ред Едуард Мичути. И двајцата фудбалери на клубот од Париз се во самоизолација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.