Фудбалерот за врска на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата. Германскиот клуб ги договорил условите со Манчестер јунајтед за трансфер на Англичанецот, објави „Билд“.

Англичаните ќе му платат на бундеслигашот 85 милиони евра. Земајќи ги предвид бонусите, износот може да порасне до 95 милиони.

Санчо ќе добие петгодишен договор. Претходно беше објавено дека тој ќе заработува повеќе од 250 илјади фунти неделно во англискиот клуб



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.