Натпреварот од третото коло на француското фудбалско првенство меѓу Ница и Марсеј беше прекинат во 75. минута поради хаосот кој настана откако домашните навивачи истрчаа на теренот.

Се започна кога Марсеј освои корнер, а Димитри Паје се упати кон корнер знаменцето за да го извади. Меѓутоа, тогаш навивачите на Ница почнаа да фрлаат со шишиња кон играчот на Марсеј, поради што тој целосно го загуби нервот и одлучи да возврати.

Паје почна да пука кон навивачите на домашниот тим со истите шишиња, по што ситуацијата ескалираше.


Група навивачи од јужната трибина на стдионот „Алијанц Ривиера“, на којашто се сместени најфатанитчните припадници на навивачката група на Ница, петнаесеттина минути пред крајот на мечот ја прескокнаа оградата и сака да се пресметаат со гостинските фудбалери

По повеќемитнуто меѓусебно туркање меѓу обезбедувањето, навивачите на Ница, фудбалерите и службените лица на двете екипи, судијата Бастиен двете екипи ги испрати во соблекуваните го прекина дуелот.

Во моментот на прекинот Ница водепе со 1:0, а погодокот го постигна Данецот Каспер Долберг во 49 минута.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.