Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот за натпреварот против Косово (8 октомври, национална арена „Тодор Проески“) од полуфиналето во Лигата на нации за пласман на Европското првенство, и за двата натпревари против Естонија (11 октомври, Талин) и Грузија (14 октомври, Национална арена „Тодор Проески“) од новото издание на Лигата на нации.

Елиф Елмас од Наполи нема да биде во составот поради позитивен тест на ковид-19. Во националниот тим се враќа Ферхан Хасани од фински Хелсинки. Вкупно 23 фудбалери се наоѓаат на списокот на селекторот Ангеловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.