Фудбалскиот клуб Шкупи, го промовира својот нов тренер, поранешниот македонски репрезентативец, Гоце Седлоски.
После неколку дена преговори, прволигашот од Чаир договори соработка со 47-годишниот стратег кој треба да го води клубот кон нови успеси.
Седлоски, во тренерската кариера ги водеше Турново, Вардар, летонската Рига, босанскиот Широки Бријег, како и вториот тим на Динамо Загреб од Хрватска..
Седлоски потпиша договор на една година со можност истиот да биде продолжен.
Во стручниот штаб ќе соработува со Енес Ќаили, Тони Мегленски, Павел Неделковски и Матија Мирков.
Во моментов Шкупи е на второто место на табелата во домашното првенство со 49 бодови, 13 зад лидерот Шкендија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.