Федерика Каплети, сопругата на Паоло Роси трогателно и потресно ги објасни последните моменти од животот на италијанската легенда.
„Во моментот кога умираше, јас бев покрај него и тој не сакаше да замине. Во еден момент го гушнав и само му реков: ‘Паоло, оди сега, премногу патеше! Напушти го ова тело. Направи премногу. После тоа, моментално заспа – засекогаш“, објави Каплети.
Федерика е позната италијанска новинарка, која после трагичната смрт на италијанската легенда, посочи дека Роси бил единствена личност, човек кој бил скромен и кој на секого му придавал иста важност.
„Тешко е да се каже каков беше Паоло во кратки црти. Единствена личност, полна со оптимизам дури и во најтешките моменти. Беше голем, а во исто време толку едноставен. На ист начин зборуваше и со претседателите и со обичните луѓе во супермаркет. Во тоа беше неговата големина. Тој е човекот кој толку многу ги научи нашите ќерќи“, додаде Федерика.
Паоло Роси беше херојот и најдобриот стрелец на Мундијалот во 1982 година во која Италија не беше фаворит за светската титула, но ја освои, а потоа беше прогласен и за најдобар фудбалер на тоа СП во Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.