Фудбалерот на Галатасарај Омар Елабделауи на новогодишната ноќ се повредил со пиротехника.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, ја дочекал Новата година со своето семејство и запалил огномет во сопствен аранжман, при што бил тешко повреден и завршил во болница.
Десниот бек има повреди на окото и на раката, каде што му експлодирал огнометот. Точната сериозност на повредите сè уште не е позната, но тој бил итно пренесен во болница каде му била укажана лекарска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.