Германскиот фудбалер со курдско потекло, Дениз Наки е уапсен во Ахен со обвинение дека бил шеф на група за организиран криминал и трговија со дрога, но и поврзаност со курдската терористичка организација ПКК, јавува „Ди велт“.

Обвинителот во Ахен потврдил дека две лица се уапсени за воспоставување на криминална организација за трговија со дрога, а средствата потоа биле префрлувани на ПКК.

Наки, кој е роден во Германија, претходно играше за Санкт Паули и Падерборн во Германија, но и за турскиот Ахмед САЦ, но во Турција беше осуден на три години затвор поради поддршка на курдскиот сепаратизам и доби доживотна забрана за играње во Турција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.