Раководството на бундеслигашот Лајпциг работи на тоа да не се одложи првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите што треба да го игра на домашен терен против Ливерпул.
Германскиот клуб доставил барање до властите во земјата да им се дозволи специјален влез во Германија на тимот од Мерсисајд. Германската влада ги забрани летовите со Велика Британија до 17 февруари, поради ширењето на новиот вид на коронавирус.
Доколку германската влада не му даде соодветно одобрение на Ливерпул, Лајпциг мора да ја извести УЕФА до 8 февруари на полноќ, а потоа да понуди неутрален терен во земја, каде и двете екипи можат лесно да влезат.
Доколку Ливерпул не може да стигне до Германија, а Лајпциг не најде друго место за средбата, германскиот тим ќе биде казнет со технички пораз со резултат 0:3
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.