Среќна жрепка за германската фудбалска репрезентација. Вака гласат првичните коментари на германските медиуми откако денеска беа извлечени групите за квалификациите за Мундијалот во Катар.
Тимот на селекторот Јоахим Лев на патот до Светското првенство 2022 во Катар доби неочекувано лесни противници, пишуваат германските медиуми. Четирикратниот светски првак во квалификациската група Ј за противници ќе ги има Романија, Исланд, Македонија, Ерменија и Лихтенштајн.
Влегуваме во трката како најголем фаворит. Нашата цел е да победиме во групата – изјави Лев веднаш откако станаа познати противниците.
Најсилен ривал на Германците ќе им биде Романија која во моментов е 37 на светската ранг-листа на ФИФА. Тоа е притоа и единствената репрезентација во групата против која Германија воопшто некогаш загубила.
Против Македонија, од друга страна, никогаш не играла. Ова ќе биде првпат двете репрезентации да ги одмерат силите во една квалификациска рунда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.