Авионот со кој германските репрезентативци се враќаа од гостувањето во Исланд во рамки на мундијалските квалификации ноќта меѓу средата и четврток неочекувано слетал во шкотскиот град Единбург, соопшти попладнево Фудбалската федерација на Германија (ДФБ).
-Сè помина мирно, на многу професионален начин, наведе ДФБ.
Германија во средата вечер го совлада Исланд со 4-0 во Рејкјавик со што се зацврсти на лидерското место во квалификациската група Ј.
Авионот изнајмен од литванската чартер компанија „KlasJet“ требало да пристигне денеска во Франкфурт во 5:50 часот, а според соопштението од ДФБ, друг авион изутринава полетал од Германија за Единбург за да ја врати дома репрезентацијата.
Капитенот Мануел Ноер, Серж Гнабри и Џошуа Кимих не биле во авионот, кој слетал во Единбург, бидејќи тројцата планирале претпладнево да се вратат со директен лет за Минхен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.