Герет Бејл во текот на денот треба да ги заврши сите формалности околу трансферот од Реал Мадрид во Тотенхем.

Тоа за Велшанецот ќе значи враќање во клубот од каде што премина во „кралскиот клуб“ за во тоа време рекордни 101 милион евра.

Според договорот меѓу двата клуба, Бејл преминува во Тотенхем како позајмен играч, а заедно со него, од Реал Мадрид во Лондон заминува и младиот лев бек Серхио Регилон, чиј трансфер изнесува 30 милиони евра.

Англиските медуми најавуваат дека, по комплетирањето на трансферот, Бејл за Тотенхем би можел да дебитира наредниот четврток, кога во рамките на третото квалификациско коло во Лига Европа Тотенхем ќе гостува кај Шкендија.

Исто така се очекува против Шкендија да дебитира и Регилон.

Инаку Тотенхем сезоната во Премиер лигата ја отворија со домашен проаз од Евертон (0:1), а синоќа со многу мака го минаа Локомотив во Пловдив (2:1) во Лига Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.