Aли Коч тежи повеќе од милијарда евра, а неговото семејство е меѓу најбогатите во Турција. Коч е инаку прв човек на фудбалскиот клуб Фенербаче веќе подолго време, а според вестите од Турција, тој е заинтересиран да го купи најтрофејниот клуб во Македонија.
Како што стојат работите сега, токму за Вардар се има најголеми шанси, кој е во финансиски проблеми, а минатата сезона испадна во Втората македонска лига.
Турските медиуми наведуваат дека идејата е Вардар да стане „пилот-клуб“ на Фенер. Тоа значи дека сите играчи кои не би играле за трофејниот клуб од Истанбул, би завршиле на калење во Скопје.
Оваа вест доаѓа како како целосно изненадување бидејќи пред неколку дена беше објавена веста дека Слободан Крстевски е нов сопственик на Вардар, но сега сè би можело може да се смени.
Во случај Коч да го купи Вардар, овој клуб сигурно многу бргу би се вратил во игра за трофеи во македонскиот фудбал, па би било интересно да се види како Коч би се однесувал во тој случај, бидејќи УЕФА не дозволува два клуба со ист сопственик да се натпреваруваат во Европа.
Инаку, Вардар пред четири години го постигна најголемиот успех во историјата на клубот токму преку Фенербаче, кога „црвено-црните“ на последната пречка со две победи го елиминираше турскиот гигант во баражот за Лигата на Европа и се пласираше во групната фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.