Со голот од пенал на Франк Кеси, екипата на Милан синоќа минимално го победи Лацио во многу важен натпревар за пласман на местата кои водат во Лигата на шампионите. Гостинските фудбалери тешко го прифатија поразот, па на теренот изби инцидент по последниот свиреж на судијата.
Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо како играч беше познат по неговиот темперамент и влегување во вербални и физички дуели со противниците, а интересен беше неговиот коментар за инцидентот по мечот.
Дури и го истегнав малку бутниот мускул трчајќи да ги смирам! Бев на клупата и видов дека летнаа некои зборови меѓу двете групи на фудбалери. На крајот се добро се заврши. Кога бев играч вакви работи ме палеа, но сега гледам со поинакви очи, престар сум за тоа. Плус ако удрев некој, сигурно ќе добиев и јас удар, а сите тие сега повеќе одат во теретана повеќе отколку јас, истакнал Гатузо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.