Џенаро Гатузо одби да ја води Џенова, објави новинарот Николо Шира. Според него, новите сопственици на клубот, „777Partners“ му понудиле на 43-годишниот Италијанец да ја преземе функцијата главен тренер, но специјалистот не ја прифатил понудата.

Во моментов Гатузо е без клуб. Негов последен клуб беше Фиорентина, но „виолетовите“ не одиграа ниту еден натпревар под негово водство, бидејќи Гатузо го напушти тимот пред почетокот на сезоната поради конфликт со управата.

Низ својата тренерска кариера, Гатузо има работено и во Наполи, Милан, Пиза, ОФИ, Палермо и Сион



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.