Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо, ја презеде одговорноста за поразот од Олимпијакос во натпреварот од 6.коло од групната фаза на Лигата на Европа.

Овој исход во Атина значеше и елиминацијата на Милан од евро-сцената уште пред крајот на годината.

– Сакам да им се извинам на навивачите на Милан. Многу ми е жал. Според мое мислење, овој натпревар беше чуден и на крајот со казна за нашите промашувања. Но, изговори не треба да има. Ја преземам целата одговорност, изјави Гатузо.

Тој им забележа на своите избраници дека играле без доволно жар.

– Џабе е се ако не се игра со срце. Бесен сум затоа што сметам дека требаше да одиме понатаму. Многу ми е тешко поради овој пораз, нагласи Гатузо.

Милан загуби вчеравечер од Олимпијакос со 3:1. Грчкиот тим се изедначи по број на бодови со „росонерите“ но оди во плеј-офот од ЛЕ поради подобрата гол-разлика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.