Футсал репрезентацијата на Македонија го освои првото место на претквалификацискиот турнир за пласман во Елитната рунда квалификации за Светското првенство.
Во решавачкиот дуел за врвот, Македонците вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ја совладаа Албанија со 3:2, иако гостите на полувреме водеа со 2:1.
Стрелци на головите за Македонија беа Зибери два и Исмаили.
Конечна табела: Македонија 9 бода, Албанија 6, Грција 3, Сан Марино 0.
Пласман во следната фаза обезбедија двете првопласирани репрезентации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.