Белорускиот фудбал е завиен во црно, по веста дека почина Максим Цигалко, еден од најголемите белоруски таленти во овој век. Имаше 37 години.
Цигалко, кој играше на позицијата напаѓач, беше познат по тоа што сите кои ја играа популарната игра Championship Manager на почетокот на овој век во 2001 година, го купуваа за малку пари, и тој „растураше“ со голови.
Во професионалната кариера не беше ниту одблиску од она што беше на играта. Цигалко мина во Динамо Минск, а на 26 години мораше да ја заврши кариерата поради здравствени проблеми. Играше уште и за Банантс, Кајзар, Нафтан и Савит Могилев. Има и два настапи за белоруската репрезентација и еден гол.
Не е соопштена причината за смртта на Цигалко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.