Селекторот на Босна и Херцеговина, Ивајло Петев е позитивен на коронавирус пред пријателскиот натпревар со Костарика но и средбата со Франција во квалификациите за СП 2022 година.

Како што пренесуваат медиумите во БиХ, Петев и сите членови на репрезентацијата беа негативни на последните две тестирања и поради тоа не е познато каде и кога се заразил со коронавирус.

Засега Петев се чувстува добро и нема никакви симптоми.

Селекцијата на БиХ утре ја очекува пријателски натпревар против Костарика, а на 31. март игра против Франција во квалификациите за СП 2022, а на клупата ќе седат неговите помошници Елвир Рахимиќ и Славен Муса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.