Еден од најголемите македонски таленти, Никола Секулов, фудбалерот на младинскиот тим до 17 години на Јувентус и написмено се откажа од Македонија, откако во минатата година реши да игра за младата селекција на Италија и веќе одигра неколку пријателски мечеви за „аѕурините“, пишува „Спорт1“.

Секулов, кој е роден во Пјаченца, но потекнува од Струмица сега добил дозвола од Светската фудбалска федерација (ФИФА) за да може нормално да игра за младинската селекција на Италија, иако пред две години тој беше дел од младата селекција до 17 години на Македонија и ги играше првите квалификации во кои црвено-жолтите обезбедија елитна рунда во Полска, но потоа не настапи на тој турнир, а во септември лани и официјално објави дека избрал да игра за Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.