На Светското фудбалско првенство , фудбалерките на САД ја победија Холандија со 2: 0 во Лион и ја задржаа титулата што ја освоија пред четири години во Канада. Во 60 минута од натпреварот Mеган Рапиноу даде гол од единестерец во 60 минута, а Роуз Лавел во 66 минута даде брилијантен гол од работ на казнениот простор.

Победата на Американките им ја донесе рекордната, четврта титула на Светски шампионки. Тие можеа да бидат поубедливи, но Сари ван Виендаал, холандскиот голман, беше одлична и го заслужи епитетот на најдобар играч на натпреварот. Актуелните европски шампионки имаа само еден сериозен удар кон голот на противникот.

На третото место е Шведска која победи вчера во Ница со 2: 1 ја победи Англија. Сите голови паднаа во првото полувреме. За Шведска, Аскер (11) и Софија Јакобсон (22), додека Фран Кирби (31) беше стрелец за Англија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.