За време за Европското првенство 2016 година, Ерјона Сулемјани(32) беше прогласена за најатрактивна навивачка на турнирот.

Тогаш Ерјона била во брак со швајцарскиот фудбалер Блерим Џемаили(33).

Денеска, три ипол години подоцна, атрактивната Ерјона е сама, но се уште е загреана за фудбалот. Покрај сопругот го засакала фудбалот, што не се промени ни откако се разделиле. Наводно, причината за нивната разделба била нејзината преоптовареност, провокативните фотографии на социјалните мрежи, а кога раскажала детали од спалната соба и рекла дека сопругот и не е баш добар во кревет, на фудбалерот му дошло преку глава и побарал развод.

Секс пред натпревар?Фудбалерите не се баш некои големи љубовници во кревет. Тие тоа сакаат да го прават сами – рекла Ерјона, после што нејзиниот сопруг станал предмет на потсмев на социјалните мрежи и соблекуваните.

Ерјона признала дека во фудбалот има многу хомосексуалци.

Не знам зошто хомосексуалноста се уште е проблем во денешно време. Мислам на фудбалот и општо. Во фудбалот има многу хомосексуалци– рекла таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.