Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо смета дека Лоренцо Инсиње не требаше да биде исклучен на мечот од 12. коло на италијанскиот шампионат со Интер. Наполитанците беа во малцинство од 71. минута откако капитенот беше исклучен поради неспортско однесување.
– Ова се случува само во Италија. Му кажав на судијата дека две минути пред црвениот картон, тој го пофали Инсиње за тоа како се однесуваше во улогата на капитен, а набргу потоа го исклучи поради псовка. Играч, особено капитенот, не може да биде исклучен затоа што му зборувал на судијата за сомнителен пенал. Во Англија и Шкотска фудбалерите дури и ги туркаат судиите и ништо не се случува. Само во Италија се отстранети играчи за такви работи. Кога бев играч, тоа беше дел од спортот. Судијата мора да практикува здрав разум и да разбере што играчот може да каже по сомнителен пенал, истакна Гатузо.
Гатузо протестираше поради досудениот пенал од кој Интер го постигна единствениот гол на дербито и ги освои трите бода
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.