Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, денеска го прослави 45. роденден, а покрај големиот број честитки, популарниот Мрме беше пријатно изненаден од своите фудбалери.
Репрезентативците на Ангеловски му подарија часовник од марката „Тисот“, а овој гест го изненади селекторот кој не пропушти да им се заблагодари на своите фудбалери со кои за 11 дена ќе го имаат историскиот настап на Европското првенство против Австрија.
„Дечки Ви благодарам за честа и поклонот, но јас и сите навивачи на Македонската фудбалска репрезентација од вас го добивме највредниот подарок, Евро 2020. Ве сакам. Благодарам до стара гарда Комити“, напиша Ангеловски на својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.