Репрезентацијата на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 против Црна Гора во рамките на вториот контролен меч одигран на тренинг центарот „ Петар Милошевски“ во комплексот на ФФМ.
Избраниците на селекторот Влатко Гроздановски одлично го почнаа натпреварот, беа подобар противник и пропуштија неколку добри прилики за постигнување гол во првите 30 минути од средбата. Во 36 минута добрата игра нашата репрезентација ја круниса со погодок и водство од 1:0. Стрелец на голот за Македонија беше Бехар Фета.
Во продолжението, Црна Гора притисна, нашите фудбалери се повлекоа и сето тоа резултираше со погодок во нашата мрежа. Стрелец на израмнувачкиот гол беше Виктор Џукановиќ во 80 минута.
Тоа беше и конечниот резултат на оваа средба, откако во 87 минута Aнтонио Мирков пропушти голема прилика да и донесе победа на нашата селекција.
На овој натпревар, младата репрезентација на Македонија беше ослабната со неиграњето на неколку стандардни првотимци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.