Фудбалер на третолигашот Волино е меѓу тројцата приведени кои во моментов се наоѓаат во охридската полициска станица каде што даваат изјава за инцидентот што се случил попладнево по фудбалски меч во селото Волино, општина Дебрца, објави „Алфа“ телевизија.
Пред полициската станица во Охрид во моментов се наоѓаат триесетина селани, роднини и пријатели на тројцата уапсени вечерва.
Од МВР информираат дека во моментов се земаат изјави од учесниците, а известен е и надлежен јавен обвинител.
Очевидци од Волино тврдат дека тројцата биле приведени дури откако со нив во полициското комбе влегол и градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачевски како гаранција дека приведените ќе бидат пуштени веднаш откако ќе дадат изјави во СВР Охрид.
Истите извори тврдат дека причина за апсењето на тројцата Волинчани е тоа што на трибините се вееле знамиња со ѕвездата од Кутлеш, се скандирале навредливи слогани за премиерот Заев и се скандирале извици против новото уатавно име.
Инцидентот се случил на фудбалскиот натпревар ФК „Волино“ и ФК „Црнобуки“ и според очевидци малку недостасувало да се случи поголем судир помеѓу полицијата и навивачите и жителите на ФК „Волино“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.