Дисциплината очигледно е една од најважните работи во Шалке 04, па нивниот фудбалер, Хамза Мендил поради бизарна причина бил префрлен во Б тимот.
Клубот од Гелзенкирхен го казнил мароканскиот репрезентативец бидејќи не се појавил на закажан преглед кај стоматолог. Мендил не известил никого за тоа дека ќе го прескокне прегледот, а тоа толку ги налутило челниците на Шалке што веднаш го префрлиле во вториот тим.
Инаку, фудбалерот кој може да покрие на неколку позиции на теренот оваа сезона настапи на вкупно 16 натпревари за Шалке 04.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.