Фудбалерот на Кадиз, Хосе Мари е херој денеска откако ја зема носилката од лекарската екипа за да ја однесе до трибината каде лежеше настраданиот навивач, кој колабираше пред крајот на мечот со Барселона и поради тоа се прекина дуелот.

Мари се качи на трибините со носилката за што побрзо да ја однесе до навивачот, за да може да биде изнесен од стадионот и потоа со брза помош да се пренесе во болница.

Навивачот колабираше и загуби свест на девет минути пред крајот, по што итно реагираа лекарите за да го спасат. Информациите од Шпанија се дека станува збор за срцев удар и дека навивачот е во лоша состојба, а фудбалерите на теренот пред да заминат во соблекувалната се молеа за неговиот живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.