Иако не е во фокусот, фудбал се игра на Олимписките игри. Уште на стартот беа постигнати чудни резултатати.Шпанија одигра без голови со Египет, Франција загуби од Мексико, Аргентина од Австралија.

Но, важно е да се напомене дека на ОИ може да настапуваат само фудбалери до 23 години.

Се очекува ѕвезди на олимпискиот турнир да бидат Ричарлисон и Дани Алвес од Бразил, Аларио од Аргентина, Нмечиа од Германија, Дани Олмо и Асенсио од Шпанија, Жињак и Тован од Франција, Ерик Бејли од Брегот на Слоновата коска…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.