Тимот на Барселона официјално го објави ангажманот на Френки Де Јонг од Ајакс за сума од 75 милиони евра, со бонуси вклучени за уште 11 милиони евра. Дваесет и едно годишниот фудбалер ќе пристигне на „Камп Ноу” на лето, а ќе ја доигра оваа сезона во холандскиот клуб. Неговиот договор со Барса ќе трае до јуни 2024 година.
Де Јонг одамна се поврзува со каталонците, кои ја освоија битката со Пари Сен Жермен за неговиот потпис. Оваа сезона играчот од средниот ред има 28 натпревари во сите натпреварувања за Ајак, а има постигнато четири гола и 1 асистенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.