Новиот играч од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг беше официјално претставен од каталонскиот клуб и ја даде првата изјава како играч на шпанскиот шампион.

Многу сум среќен што конечно сум тука. Како дете мојот сон беше да играм за Барселона и сега конечно сум тука, тоа е одлично. Немам трпение да стапнам на „Ноу Камп“ за прв пат. Среќен сум што ќе имам можност да играм со Меси. Сега мојот идол ќе биде мој соиграч, вели Холанѓанецот.

Според него, филозофијата на Барса е многу слична со онаа на Ајакс, што за него е одлично.

Барса и Холандија отсекогаш имале одлична, посебна врска и јас се надевам дека ќе ја продолжам традицијата. Сакам да бидам меѓу великаните холандски фудбалери кои играле за Барса, додаде Френки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.