Спортскиот директор на Ајнтрахт Франкфурт, Фреди Бобиќ објави дека евентуалниот трансфер на Лука Јовиќ во Реал Мадрид е доста „реална можност“. Тимот од Франкфурт го откупи српскиот напаѓач од Бенфика за 7 милиони евра, а ако стане збор за продажба, „орлите“ ќе бараат износ од 50 – 60 милиони за правата на српскиот напаѓач.
Постои реална можност Јовиќ да се пресели во Реал. Се надевам и сакам да остане тука во Ајнтрахт, но во исто време сум реален и знам дека ако таков клуб го сака, немаме шанса да го задржиме во нашиот тим, изјавил Бобиќ за „ЗДФ“.
Вчера дел од медиумите во Германија објавија дека Јовиќ не е опција за Баерн Минхен, бидејќи баварскиот клуб не гледа потреба за засилување на напаѓачката линија.
На „Сантијаго Бернабе“, пак Карим Бензема и понатаму е прва опција во нападот на „кралевите“, но по слабата сезона на мадриѓаните, се бара засилување на конкуренцијата и негов наследник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.