Селекторот на Холандија, Франк де Бур, го одреди списокот од 26 фудбалери што ќе настапат на претстојното Европско првенство.

Голманот ветеран Мартен Стекеленбург, кој играше во финалето на СП 2010, беше избран за еден од тројцата голмани, пред Марко Бизо од АЗ Алкмар.

Со 38 години, Стекеленберг ќе биде еден од најстарите членови на тимот на турнирот.

Холанѓаните ќе мора да играат без капитенот, Вирџил ван Дајк, кој пропушти голем дел од сезоната поради повреда и одлучи да не игра на Еуро 2020 за да се концентрира да биде подготвен за следната сезона во Премиер лигата со Ливерпул.

На списокот на Де Бур се најдоа:

Голмани: Јаспер Цилесен (Валенсија), Тим Крул (Норич сити), Мартен Стекеленбург (Ајакс Амстердам);

Одбрана: Нејтан Аке (Манчестер сити), Дели Блинд (Ајакс Амстердам), Матијас де Лихт (Јувентус), Стефан де Вриј (Интер), Дензел Дамфрис (ПСВ Ајндховен), Јурием Тимбер (Ајакс Амстердам), Патрик ван Анхолт (Кристал Палас), Џоел Велтман (Брајтон Хов Албион), Овен Вијндал (АЗ Алкмар);

Среден ред: Френки де Јонг (Барселона), Мартен де Рун (Аталанта), Рајан Грејвенберх, Дејви Класен (двајцата Ајакс Амстердам), Теун Купмајнерс (АЗ Алкмар), Дони ван де Бик (Манчестер јунајтед), Џорџињо Вајналдум (Ливерпул);

Напаѓачи: Стивен Бергуис (Феенорд), Лук де Јонг (Севилја), Мемфис Депај (Олимпик Лион), Коди Гакпо, Дониел Мален (обајцата од ПСВ Ајндховен), Квинси Промс (Спартак Москва), Вит Вегорст (Волфсбург).

Холандија на ЕП ќе игра во Ц-групата заедно со репрезентациите на Македонија, Украина и Австрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.