Дидие Дешамп ќе остане селектор на Франција иако француската репрезентација имаше разочарувачки настап на Европското првенство. Французите важеа за еден од главните фаворити за титулата, но испаднаа на пенали во осминафиналниот дуел против Швајцарија иако во второто полувреме имаа предност и од 3:1.
Весникот „Ле Паризиен“ пишува дека Дешамп ќе ги предводи „триколорите“ на Мундијалот во Катар 2022 година, а не е исклучено да остане на селекторската функција и по него.
Договорот на Дешамп истекува на крајот од 2022 година, а се очекува наскоро да има средба со првиот човек на фудбалската федерација на Франција, Ноел ле Грет на кој ќе мора да објасни зошто репрезентацијата доживеа неуспех на ЕП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.