Актуелниот европски фудбалски шампион, Португалија стигна до првата победа во квалификациите за самитот во 2020 година, откако ја совладаа Србија на гости со 2-4.

Португалците поведоа по грешката на голманот на Србија, Дмитровиќ, по која реализираше Вилијан Карваљо во 42. минута. Во вториот дел Гудеш зголеми на 0-2 во 58. минута. На 1-2 Србија намали со голот на Миленковиќ во 68. минута. Кристијано Роналдо конечно успеа да погоди во 80. минута, носејќи повторно предност од два гола за својот тим (1-3). Србите повторно се вратија со голот на Митровиќ во 85. минута, а надежите на навивачите на стадионот „Рајко Митиќ“ ги расипа Бернардо Силва една минута подоцна кој го постави конечниот резултат од 2-4.

Албанците ќе се обидат што поскоро да го заборават гостувањето во Франција. Домаќинот прво им ја згреши химната, а од Париз заминуват со четири гола во својата мрежа. Коман и Жиру донесоа предност од 2-0, на полувреме, дел од мечот во кој Гризман не реализираше пенал. Во вториот дел Коман со својот втор гол и Иконе зголемија на 4-0, а почесниот погодок за Албанците го даде Чикалеши од пенал во 90. минута.

Турција се мачеше со аутсајдерот Андора, но успеа да го сруши отпорот на гостите во финишот на мечот. Херој за домашните фудбалери беше Туфан кој го постигна победоносниот гол во 89. минута.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.