Македонските фудбалери со мала свечена церемонија заминаа за Букурешт каде што в недела, на 13 јуни од 18 часот против Австрија ќе го имаат своето деби на едно големо натпреварување.

Пред тргање кон аеродормот, Муамед Сејдини им посака успех на фудбалерите, а зад нив беше фрлена и вода за среќа и добро здравје.

Дополнителна нота на позитивност пред патувањето за Романија, репрезентацијата доби по веста дека сите репрезентативци се негативни на Ковид-19 на последното тестирање.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.