Новите суперлигаши во фудбал заедно ќе поделат пет милијарди евра, односно колку што изнесува годишниот македонски буџет. Ова е само илустрација колку чини отцепувањето на богатите клубови од Лигата на шампионите.
УЕФА се заканува со суспензии, Националните федерации исто така, но планот е веќе направен.Ќе има 15 постојани членки и пет кои ќе го заслужат настапот врз база на постигнатите резултати во тековната година, а екипите ќе бидат поделени во две дивизии, типично американски стил налик НБА, со по десет тима, а ќе играат од почетокот на август во лигашки дел дома и на гости, вкупно по 19 меча.
Најдобрите три одат во четвртфиналето, додека четвртите и петтите ќе играат бараж за последните две места меѓу најдобрите осум, а потоа низ елиминациска фаза ќе се стигне до супер-шпампионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.