Првиот човек на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид, Флорентино Перез, е заразен со коронавирус, соопшти за мадиумите актуелниот шпански фудбалски првак.

„Нашиот претседател Флорентино Перез периодично се тестира на Ковид-19 и неговиот последен тест е позитивен, иако тој не покажува никакви симптоми и нема посериозни здравствени компликации“, се наведува во клупското соопштение .

Пред него, позитивен на коронавирус во редовите на Реал Мадрид беше и тренерот Зинедин Зидан поради што последните два натпревари на екипата ги водеше неговиот помошник Давид Бетрони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.