Со своите игри во дресот на Хрватска на неодамна завршеното Европско првенство, но и со настапите во дресот на Реал Мадрид, хрватскиот фудбалер Лука Модриќ постојано демонстрираше што значи да се биде вистински професионалец.

Иако длабоко навлезен во 35. година од животот (во септември ќе наполни 36), хрватскиот ас на секој натпревар дава се од себе при што покажува дека има повеќе кондиција, сила и борбеност во себе во однос на многу помладите фудбалери.

Тоа се должи на напорната работа на тренинзите, но и во домашни услови, која за Модриќ дава одлични резултати. Деновиве тој и самиот објави две свои фотографии, едната од 2017, a другата од 2021 gодина, на кои се гледа дека како старее – така неговото тело изгледа се помоќно и посилно.

Навистина секоја чест!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.