Европската куќа на фудбалот (УЕФА) потврди дека ќе има едноминутно молчење пред финалето на Лигата на шампионите, во чест на Хозе Антонио Рејес, кој на 35 години го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Информацијата за оддавањето почит ја потврди првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, кој изрази сочувство до семејството и пријателите на фудбалерот и истакна дека сите се погодени од смртта на некогашниот освојувач на УЕФА Купот и Лигата на Европа.

Рејес загина во сообраќајна несреќа близу Севиља. Засега, полицијата не открива детали за незгодата. Шпанецот имаше богата кариера, играше за едни од најголемите клубови во фудбалот, а забележа и 21 настапи за репрезентацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.