Финалето на овогодишното издание на „Копа Либертадорес“ ќе се игра на легендарниот бразилски стадион „Маракана“ пред празни трибини, соопшти Јужноамериканската фудбалска конфедерација.

Коронавирусот и натаму се шири низ Јужна Америка и затоа актуелната состојба со Ковид-19 не ни дозволува овој толку важен натпревар да го организираме во присуство на публика, дури ниту пред ограничен број на гледачи, оцени Федерацијата.

Во првото полуфинале на „Копа Либертадорес“, бразилски Палмеирас синоќа триумфираше во Буенос Аирес над Ривер Плата со 3:0, стекнувајќи убедлива предност пред реваншот на 12 јануари во Сао Паоло.

Во втората аргентинско – бразилска полуфинална пресметка, Бока Јуниорс вечерва е домаќин на Сантос, а реваншот ќе се игра на 13 овој месец.

Финалето на „Копа Либертадорес“ е на програмата на 30 јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.