Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција на која информира за последните случувања со епидемија на коронавирусот во државата, изјави дека тој лично смета оти натпреварот од полуфиналето во Лигата на Нации помеѓу Македонија и Косово кој е закажан за 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“, да се одигра без присуство на гледачи.

Јас лично сметам дека сите спортски натпревари, вклучувајќи го и дуелот помеѓу Македонија и Косово, ние треба да бидеме внимателни, и да се одигра без публика. Бидејќи очекуваме на вакви натпревари да има и гости од странство. Тој спортски натпревар е нешто подоцна, се игра на 26 март, а на денешната седница ќе препорачаме таа да трае уште една недела, до 13. март, но во зависност од ситуацијата можно е да донесеме и друга одлука, изјави Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.