Челси нема да може да купува фудбалери во следниот преоден рок откако ФИФА одлучи да го одбие нивното барање за замрзнување на казната додека трае жалбата. Челси испрати жалба до Судот за спортска арбитража по одлуката на ФИФА клубот да биде казнет со забрана за купување на фудбалери во следните два преодни рока.
Тимот од Лондон се надеваше дека со поднесувањето на жалба, ФИФА ќе ја одложи забраната за трансфери се додека судот не донесе конечна одлука. Но од ФИФА денеска стигна известување дека казната на Челси останува и додека трае жалбата.
Во сличните случаи претходно кога шпанските клубови добиваа вакви казни, ситуацијата не беше иста, ФИФА ги замрзнуваше нивните казни додека траеше жалбената постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.