Турскиот прволигаш Трабзонспор ќе мора да му исплати на Милан 12 милиони евра за трансферите на Јурај Кучка и Хозе Соса. Во 2017. година Трабзон ја ангажираше двојката на Милан за 12 милиони евра. Словакот чинеше пет, а Аргентинецот седум милиони евра.

Како што пишуваат денеска италијанските медиуми, ФИФА му наредила на Трабзонспор да го исплати долгот кон „росониерите“, инаку ќе ги блокира сметките на турскиот клуб и нема да има право да носи нови играчи.

Покрај тоа, Трабзонспор би можел да добие и жестока парична казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.