Под обележјето „Македонско чудо“ во фотографијата со Елиф Елмас и Аријан Адеми од триумфот од 2:1 над Германија во Дуизбург, ФИФА на својот официјален налог на Твитер за Светското првенство им ги стопли срцата на сите Македонци со коментарот „Каква ноќ за да се биде Македонец!“.
„Енис Барди блескаше, 37-годишниот Гордан Пандев и 21-годишниот Елиф Елмас ги постигнаа головите, а Македонија го направи шокот во досегашниот тек на европските квалификации за СП и несомнено најдобриот резултат во својата историја во Германија. Каква ноќ да се биде Македонец!“, твитна ФИФА, бркнувајќи им директно в око на негаторите на македонскиот национален идентитет.
❤️ Enis Bardhi dazzles, 37-year-old Gordan Pandev and 21-year-old Elif Elmas get the goals, and North Macedonia produce the shock of European #WCQ thus far and arguably the best result in their history in Germany. What a night to be Macedonian! pic.twitter.com/rZaRlWMP0S
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) March 31, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.