ФИФА ја одржа церемонијата на доделување на наградите „The Best “ за најголемите достигнувања во светскиот фудбал под посебен режим поради пандемијата на коронавирус.
Наградата за играч на годината му припадна на Роберт Левандовски, кој ја понесе титулата пред Кристијано Роналдо и Лионел Меси. За Полјакот ова е најголемата индивидуална награда во неговата кариера по фантастичната сезона со Баерн во која ги освои Лигата на шампионите, германскиот шампионат, купот и Суперкупот на Европа и Германија.


Јирген Клоп е прогласен за најдобар тренер на годината, а наградата виртуелно му ја врачи Арсен Венгер.

Мануел Нојер е прогласен за најдобар голман, а за гол на годината е прогласена брилијантната акција на Хеунг-мин Сон. Кореецот истрча низ теренот минатата сезона и ги надигра сите играчи на Барнли и постигна гол.

Фифа го избра и тимот на годината:

Алисон – Александар-Арнолд, Ван Дијк, Рамос, Дејвис – Кимич, Де Брујн, Тиаго – Меси, Левандовски, Роналдо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.