Селекторот Валид Реграги едвај успеал да го внесе во тунелот бесниот Ашраф Хакими, кој по поразот (1-2) од Хрватска во мечот за третото место на СП во Катар протестирал кај судијата Абдулрахман Ал-Јасим.

На пат кон соблекувалните, фудбалерот на ПСЖ се сретнал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и вербално го нападнал и него, пишува „Газета дело спорт“.

Во една ситуација во вториот дел, Мароко сметаше дека имаат момент за пенал, но судијата не им го досуди, па тоа воопшто не му се допадна на Хакими, кој по натпреварот, во тунелот ги извади фрустрациите, па удри по Инфантино и ФИФА.

Постоела дури и видео снимка на која ФИФА работи таа да не стане јавна бидејки ќе предизвика скандал.

Од ФИФА побараа да избришеме одредени фотографии, јасно е дека тоа за нив е незгодна сцена и сакаат тие да не станат јавно достапни“, објасни еден репортер кој го уловил бесниот момент на Хакими во тунелот.

Според сведоштвото на новинарите, Хакими му се внел во лицето на Инфантино, на само неколку сантиметри од него, со повишен тон му зборуваше на претседателот на ФИФА за судиите, момент од кој ФИФА нареди ништо да не излезе во јавност.

Наводно бесниот Мароканец го сопрел и почнал да го навредува. Мароканецот е лут на судење на полуфиналето против Франција, како и на мечот за третото место против Хрватска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.